Баже Илијоски: Со поддршка од навивачите на триумф против Победа

Шкупи првпат сезонава пред своите навивачи во Чаир во 2. коло од ПМФЛ против Победа атакува на првиот триумф. Офанзивецот Баже Илијоски верува дека може да се стигне до трите бода иако против себе имаат повеќе од тежок противник.

„Ова е само почеток на првенството. Многу тимови имаат промени во составите па се уште се носат првите оценки околу квалитетите. Очекувам тежок натпревар со Победа, но ако се знае дека ние играме на домашен терен, знајеќи дека секогаш имаме безрезервна поддршка од навивачите, тогаш сигурно верувам во победа. Ќе дадеме максимум од нас, како и на сите претходни натпревари, за да стигнеме до првата сезонска победа“ – вели Илијоски кој против Силекс го постигна единствениот гол за Шкупи во ремито од 1-1.

Шкупи за денешниот натпревар нема да смета на Ермедин Адем поради црвениот картон од Кратово, а на повреда се жали Љамчевски.

Во таборот на Победа владее позитивна атмосфера и оптимизам по стартната победа над Беласица….

„Не очекува тежок натпревар на Чаир. Сите знаеме дека Шкупи има добар и квалитетен состав и игра пред пред полна трибина свои симпатизери. Но и покрај тоа ние во никој случај во Скопје не патуваме со бело знаме, туку напротив одиме да се надигруваме и одиме по бодови. Атмосферата во клубот е одлична, посебно по победата над Беласица во првото коло. Имаме голем број нови играчи кои се прифатени одлично од староседелците и сите клупски структури. Како одминува времето и натпреварите се повеќе се запознаваме и воигруваме и се надевам тоа ќе се рефлектира и на терен и нема да ја разочараме прилепската публика и нашите навивачи“ – вели Јорданчо Наумоски.

ДВОЈКИ – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 2-1

Се вчитува...