„Бега од мене пет години, но кога ќе ми дојде во ринг има да го понижам како малиот дебел Американец“

Светскиот шампион во ВБЦ категорија, Тајсон Фјури тврди дека Ентони Џошуа пет години бега од борба со него. Двајцата британски боксери се сопственици на сите појаси во тешка категорија. Четири се кај Џошуа, додека еден има Фјури, а веќе на големо се зборува за меѓусебен дуел меѓу овие двајца боксери. Фјури изјави дека промоторот на Џошуа, веќе долго време бега да закаже борба меѓу двајцата.

„Еди Херн како и по обичај многу зборува. Му понудив борба со Џошуа одамна. Пет години пробувам да организирам борба, но тие се плашат. Мора да престанат да бегаат. Ќе го нокаутирам Џошуа во втора или трета рунда. Прво ќе го нокаутирам, а потоа ќе скокнам на него како оној мал дебел дечко од САД (Енди Руиз)“, изјави Фјури. 

Борбата за апсолутен шампион во тешка категорија меѓу Фјури и Џошуа се очекува да се случи во 2021 година.

Се вчитува...