Чави Симонс, некогашниот голем талент кого му предвидуваа голема иднина, и кој беше прогласен за најголемиот талент во „Ла Масија“, и играчот кој избега од Барселона во ПСЖ стана дел од ПСВ и тоа како слободен играч.
Младиот Холанѓанец, кој го добил името по легендарниот фудбалер и сегашен тренер на Барселона, беше дел од „Ла Масија“ осум години, а потоа не успеа да се договори за останување, и покрај тоа што Барса му нудеше 100.000 евра годишна плата, а Парижаните го „намамија“ со тоа што му понудија десеткратно повеќе и го претворија овој млад талент во милионер. За неговата кариера се грижеше Мино Раиола.
Неговото заминување во ПСВ е потврдено и потпиша договор до 2027 година. Сепак, постои можност да се врати во Париз после една сезона. Според клаузулата, доколку ПСЖ сака да го врати во 2023 година, ќе може да го стори тоа за четири милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА