Бегање од одговорност: Кокшаров не дојде на прес-конференцијата по дебаклот

Едуард Кокшаров требаше да донесе нешто ново, или во најмала рака да го врати Вардар на патеките од пред мечот во Кил. Наместо тоа, вечерва во Веспрем го видовме најлошото дефанзивно издание долги години наназад, а рускиот стратег немоќта ја демонстрираше до самиот крај, решавајќи воопшто да не се појави на задолжителната прес-конференција по натпреварот.

Тоа своевремено беше вообичаена тактика на Лино Червар, кој по слабите резултати на Металург го отстапуваше „столчето пред новинарите“ на своите асистенти, но во ситуација кога за првпат седна на клупата на Вардар, Кокшаров мораше да собере храброст и да се појави пред медиумите. Така, вечерва на прес-конференцијата се појави тренерот на голманите, Дејан Периќ.

Ваквото бегање од одговорност не е достојно за тимот што е актуелен првак на Европа.

Се вчитува...