Беговиќ: Никој не го интересира БиХ, само им ги полниме џебовите на криминалците

Легендарниот голман на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Асмир Беговиќ удри по раководстовото на фудбалската федерација на БиХ. Имено, 34-годишниот чувар на мрежата на фотографија објавена на социјалната мрежа Твитер на која се гледа празниот стадион „Болино Поле“ на кој беше одигран пријателски натпревар помеѓу БиХ и Кувајт даде свое мислење за фудбалот во оваа поранешна југословенска држава.

Беговиќ се надовзрза на објавата на новинарот Саша Ибруљ од празниот стадион на за кој напиша дека тоа е реалната слика на фудбалот во оваа држава и тоа неколку дена по ремито со Франција.

„Колку тажен момент за босанскиот фудбал. Благодарение на сјајната работа на челните луѓе на ФФБиХ во последните неколку години, достигнавме момент во кој никој не е заинтересиран за нашата репрезетнација“, напиша Ибруљ.

„Точно. Воден од криминалци. Вицо, Мишке, Петев и група на менаџери. Наместо да бидеме фудбалска репрезентација која ја обединува нацијата, постанавме како еБеј страница која ги полни џебовите на криминалците. Еве ви сега…“, додаде Беговиќ.

Се вчитува...