Бејл: Досега никогаш немав постигнато гол со ’ножички’

Реал Мадрид ја освои третата титула по ред во Лигата на шампионите, а „кралевите“ го слават Герет Бејл, тој постигна два гола во триумфот од 3-1 против Ливерпул, решавајќи го мечот во второто полувреме. Првиот погодок беше спектакуларен, со удар со ’ножички’, а вториот од голема далечина, на кој кумуваше и слабата реакција на голманот Лорис Кариус.

„Да постигнеш ваков гол во финалето на ЛШ е она за што сонуваат сите деца. А мене сонот ми се оствари. Искрено, ова е прв таков гол за мене во кариерата. Сум имал толку многу обиди, но никогаш немав постигнато гол со ’ножички’. Се сеќавам дека Марсело ја нафрли топката, јас бев свртев на десната страна, не размислував многу, туку само скокнав и се обидов да ја шутнам топката најдобро што можам. Во следниот момент ја видов топката во мрежата и многу се израдував“, објаснува Герет Бејл, кој беше прогласен и за најдобар играч на финалето во Киев.

Се вчитува...