Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме…

По три натпревар без победа, Тотенхем стигна до три бода откако славеше против Саутемптон со 2-1 во заостанатиот натпревар од 29. коло во Премиерлигата. Со овој триумф лондонскиот состав се врати во игра за местата кои водат во Европа и во моментот се наоѓаат на шестата позиција на табелата со 53 бода, два зад Вест Хем, но со натпревар повеќе.

Еден од хероите на Тотенхем беше Герет Бејл кој со прекрасен гол во 60. минута донесе изнедначување на мечот. Веланецот по натпреварот го „пецна“ доскорешниот менаџер, Жозе Мурињо поради стилот на игра кој го негување Португалецот.

„Можеби конечно дојде времето кога повеќе нема да стоиме и ќе бидеме доминатни во однос на ривалите. Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме, баш како што правевме денеска“, изјави Бејл.

Се вчитува...