КК Пелистер одржа редовно годишно собрание на кое беа избрани новите структури на клубот.
За нов претседател е избран Бојан Давков, поранешен капитен на битолскиот клуб, а спортски директор е Предраг Созовски, кој во минатото исто така ги бранеше боите на клубот и како играч и како тренер. Исто така избран е нов борд на директори, кој ќе раководи со клубот, чиј единствен акционер останува Општина Битола.
Првата одлука на новиот оперативен дел на клубот беше изборот на нов тренер.
„Ни претставува посебна чест и задоволство што во новиот проект ќе ни се придружи етаблираниот кошаркарски тренер Тане Спасев. Тој се враќа во Македонија токму за да седне на клупата на Пелистер“ – информираат од КК Пелистер.
Спасев е роден е во Штип, а почетокот на тренерската кариера почнува да го усовршува во САД на колеџот „Ворнер Институт“. Работеше со успех во украински Кривбас, како асистент во Турк Телеком од Анкара и во Полска како предводник на тимовите Асеко Проком (Гдиња) и Легија Варшава. Беше дел од стручниот штаб на рускиот гигант Химки, како помошник на познатиот тренер Душко Ивановиќ.
Во Битола доаѓа по последните активности во Романија како селектор на репрезентацијата до 20 години и во полски Лоѓ, каде беше тренер до март годинава. Тој се обрвза на договор со Пелистер за една сезона и веќе започна со работа за формирање на ростерот за сезоната 2026/27.
Клубот веќе потпиша со првите нови имиња за следната сезона и наскоро ќе ги официјализира пред јавноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
