Бејл го возвраќа ударот: Реал Мадрид ми прави „сопки“

Герет Бејл го нападна Реал Мадрид дека му го отежнува заминувањето и признава дека би сакал трансфер во Премиер-лигата. Велшкиот интернационалец е „замрзнат“ во Реал со оглед дека тренерот Зинедин Зидан и клубот отворено велат дека сакаат да се ослободат од неговата превисока плата.

Бејл стана дел од Реал Мадрид во 2013 година за рекордни тогаш 85 милиони фунти од Тотенхем. Но, минатата сезона одигра само 20 натпревари вкупно во сите натпреварувања и отворено покажа дека е бесен поради начинот на кој клубот се однесува кон неговото потенцијално заминување.

Во интервју за „Скај спортс“, Бејл објаснува дека Реал во последен момент ги блокира сите преговори и договори и објаснува дека имало и други проблеми особено што клубот ја има комплетната контрола над ситуацијата бидејќи тој е под договор. Најголем проблем околу заминувањето на Бејл е тоа што клубот не сака да ги исплати двете преостанати години од неговиот договор.

Се вчитува...