Бејл и Кариус се тандемот на Реал – „кралевите“ останаа на тронот на Европа

Реал Мадрид испиша историја откако стана прв клуб по формирањето на ЛШ што трета година по ред успеа да триумфира во елитното европско натпреварување. „Кралевите“ вечерва за противник го имаа Ливерпул, тримфирајќи со 3-1, благодарение на „супер-резервата“ Герет Бејл и голманот на Ливерпул, Лорис Кариус, кој имаше катастрофален натпревар.

Првото полувреме почна со доминација на Ливерпул, „црвените“ беа многу подобар противник, пропуштија неколку полушанси, но потоа ситуацијата се промени по повредата на Мохамед Салах. Египќанецот настрада по еден старт на Серхио Рамос, го повреди рамото и мораше да биде заменет. „Црвените“ потоа до крајот на полувремето се затворија, го загубија препознатливото темпо, што беше само најава за она што следеше во вториот дел.

Иско ја погоди гредата на стартот од второто полувреме, а потоа следеше првата катастрофална грешка на Кариус, кој ја удри топката од ногата на Бензема, за водство и еуфорија на „кралевите“ и нивните навивачи во Киев. Ливерпул се врати и израмни преку Мане, но потоа на сцена стапи Герет Бејл. Велшкиот репрезентативец постигна еврогол со ножички за 2-1, а потоа ги постави конечните 3-1 по уште една катастрофална грешка на Кариус, кој сам си ја смести топката во мрежата.

За Ливерпул останува тагата по уште едно загубено финале, додека Реал продолжува да испишува странициво својта славна историја.

Се вчитува...