Бејл ќе биде среќен во МЛС – Многу уживање и нормално голф

Герет Бејл изјави дека е можно набргу да се пресели во американската МЛС лига. Велшкиот интернационалец веќе подолго време се наоѓа на мета на навивачите на Реал Мадрид. Тој сезонава забележа 14 настапи на кои постигна само два гола.

„Американската лига е се посилна. Брзо напредува, а многу квалитетни фудбалери сакаат да играат таму. Често сум во Лос Анџелес, сакам да уживам таму и нормално да играм голф“, изјави Бејл. 

Актуелниот договор на Бејл со Реал Мадрид е до летото 2022 година, со што на крајот пак останува дали Флорентино Перез ќе сака да го продаде својот најскап фудбалер.

Се вчитува...