Бејл ќе паузира еден месец

Велшкиот интернационалец Герет Бејл ќе паузира еден месец од фудбалските терени. Тој не се појави на собирот на фудбалската репрезентација на Велс за последните два квалификациски мечеви од циклусот за СП 2018, а од Мадрид доаѓа информација дека ќе паузира и подолго, до почетокот на ноември.

Бејл заработил нова повреда на мускулот и ќе ги пропушти трите меча на Реал Мадрид по репрезентативната пауза, против Хетафе, Еибар и против Џирона. Исто така нема да биде на располагање и за двата меча против Тотенхем во Лигата на шампионите, првиот во Мадрид на 17 октомври и најверојатно вториот во Лондон на 2 ноември.

Се вчитува...