Бејл ќе замине од Реал Мадрид, но ќе остане во Ла Лига

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл , кој ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, ќе остане во Шпанија и следната сезона.

32-годишниот фудбалер и неговото семејство го сакаат начинот на живот во Шпанија и се подготвени да се приклучат на друг клуб од Ла Лига следната сезона, објави „Football Espana“.

Герет Бејл (32) е во Реал Мадрид од 2013 година кога дојде од Тотенхем. Како дел од мадридскиот клуб, напаѓачот има одиграно 258 натпревари, а постигна 106 гола и даде 67 асистенции.

Се вчитува...