Бејл: Немав намера да ја завршам кариерата

Легендарниот велшкиот фудбалер, Герет Бејл по едногодишната позајмица во редовите на Тотенхем се врати во Реал Мадрид каде очекува да има позначајна улога во тимот под водство на Карло Анчелоти.

„Мислам дека со настапите на Евро 2020 за Велс покажав дека ја вратив формата. Тоа го пренесов и во Реал каде оваа сезона атмосферата е за мене е многу подобра. Секој фудбалер ќе ви каже дека доколку психички се осеќа добро ќе биде посреќен и ќе игра се подобро. Сега играм, задоволен сум и ми одговара овој нов стил на игра на Реал Мадрид“, изјави Бејл.

Бејл ова лето беше поврзуван со разни трансфери, некои медиуми дури и предвремено му ја завршија кариерата, меѓутоа искусниот голгетер сега стави крај на сите шпекулации со неговата изјава дека воопшто немал намера да се пензионира.

„За мене би било најдобро воопшто да не говорам на оваа тема и да се посветам само на работа. Никогаш не размислувам да ја завршам фудбалската кариера. Сакав да се фокусирам на Европското првенство и не давав никакво објаснување. Не осеќав обврска тоа да го направам. И сега се осеќам исто. Што и да кажам – дека сакам да одам, дека сакам да се пензионирам, или нешто друго тоа ќе предизвика голема и иритантна приказна кој беспотребно ќе ми пречи“, објасни асот на мадридскиот клуб.

Се вчитува...