Бејл пак го нервира Зидан и не сака да замине од Реал Мадрид

Најдобриот велшки фудбалер Герет Бејл ја прoдолжува сагата и играта не нерви околу останувањето во Реал Мадрид. Тој не сака да си замине од „кралскиот клуб“ и покрај тоа што е во немилост на тренерот Зиндеин Зидан кој не крие дека Бејл е непотребен за неговиот тим. Дополнителен проблем за клубот е и особено високата плата која ја добива.

Договорот со „кралевите“ на Бејл му истекува во 2022 година и тој често потенцира дека планира да остане до крај во Мадрид. Бејл на „Сантијаго Бернабеу“ стигна во 2013. година. За клубот запиша 249 натпревари на кои постигна 105 гола и четири пати ја освојуваше Лигата на шампионите.

Шпанските медиуми пред неколку дена шпекулираа дека сериозно заинтересиран за Бејл е Њукасл, премиерлигашот кој треба да добие нов сопственик.

Се вчитува...