Бејл промаши пенал против Милан, Велшанецот заборави кога последен пат дал гол за Реал Мадрид

Карло Анчелоти сака да му даде шанса на Герет Бејл дека заслужува да го носи дресот на Реал Мадрид, но велшкиот ас продолжи со слабите игри што ги прикажуваше и под водство на Зинедин Зидан.

Реал денеска ремизираше 0-0 на пријателскиот меч со Милан, на кој трагичар беше токму Бејл со промашениот пенал во првото полувреме. Токму Бејл беше фаулиран по одличното додавање на Јовиќ, велшкиот офанзивец сам ја презеде одговорноста, но не успеа да го совлада голманот Маињан, кој делува одлично на почетокот од авантурата во Милан.

Герет Бејл својот последен гол за Реал го постигна на 20 јануари 2020 година. Иако во меѓувреме тој настапи само на пет средби за „кралевите“ (една сезона мина на позајмица во Тотенхем), слабата форма од стартот на овој подготвителен период дефинитивно е загрижувачка за Анчелотти, кој во Велшанецот сериозна опција за стандарден првотимец во напаѓачкото трио.

Се вчитува...