Бејл разочаран од подарокот кој го доби од Модриќ… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид се одлучија да си разменат подароци во пресрет на новогодишните празници. „Кралевите“ денеска ги очекува финалето од Светското клупско првенство против Ал Аин, но пронајдоа време да ги отворат своите подароци.

Сигурно, најсреќен беше Лука Модриќ кој од соиграчите доби „златна круна“ поради прогласувањето за најдобар светски фудбалер.

Но, големо разочарување се виде на лицето на Герет Бејл кој очигледно не беше задоволен од подарокот. За неговиот подарок беше задолжен Лука Модриќ кој му подари топка за американски фудбал. Но, тоа Бејл воопшто не го воодушеви…

Се вчитува...