Бејл решен да си замине и по разговорот со Лопетеги

Герет Бејл е решен да си замине од Реал Мадрид и по разговорот што во текот на вчерашниот ден го водел со Хулен Лопетеги. Новиот тренер го контактирал велшкиот ас, со цел да го убеди да го промени својот став и решеноста што Бејл ја покажа по финалето во Киев за да ги промени клупските бои.

Желба на Флорентино Перез е тој да остане, Лопетеги се согласил со претседателот на клубот на таа тема, но двајцата ќе имаат тешка задача да го убедат Бејл да го промени своето мислење. Велшанецот е незадоволен од премалата минутажа што ја имаше минатата сезона, а не е оптимист дека тоа ќе се промени ниту кај Лопетеги со оглед на улогата што Иско ја имаше кај него додека беше селектор на Шпанија. Во ситуација кога и Асенсио инсистира на позначајна улога во тимот, екс-фудбалерот на Тотенхем останува на ставот дека најдобро за сите ќе биде ако тој си замине.

Реал бара 140 милиони евра за неговите услуги, сума што никој не ни помислува да ја плати, па останува Флорентино Перез да се смислува и да ја намали отштетата за дел од заинтересираните клубови, пред се Тотенхем и Манчестер јунајтед да влезат во сериозни преговори со „кралевите“.

Се вчитува...