Бејл се разбуди од сонот и му донесе триумф на Реал

Реал Мадрид многу потешко од очекувањата стигна до трите бода на гостувањето против Хуеска, триумфирајќи со минимални 0-1 со гол постигнат уште во осмата минута од средбата.

Герет Бејл беше стрелец на победничкиот погодок со прецизен волеј удар, со што велшкиот ас конечно се разбуди од есенскиот сон и го постигна својот прв гол во „Ла Лига“ по пауза од десет натпревари и над 800 минути игра во елитното шпанско фудбалско друштво.

Избраниците на Солари одиграа далеку под своите можности, но сепак ја задржаа предноста до самиот крај пред се благодарение на Тибо Куртоа и неговите неколку одбрани во текот на натпреварот, додека Карвахал во 92. минута ја вадеше топката од самата гол-линија.

Реал Мадрид со оваа победа се искачи на четвртото место со 26 бода, пред помалку од Барселона.

Се вчитува...