Бејтулаи ја продолжува кариерата во Шведска

Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи се одлучи на разделба од Шкендија по крајот на договорот со актуелниот шампион. Па, својата кариера, според последните информации ќе ја продолжи во најсилниот шампионат на Шведска.

25-годишниот Бејтулаи, како што дознаваме, се одлучи кариерата да ја продолжи во Шведска во редовите на повеќекратниот шампион Норчепинг, и покрај тоа што како опција е уште еден клуб од шведското првенство со кого се уште течат преговорите. Се очекува наредните денови и дефинитивно Бејтулаи да биде промовиран во својот нов клуб.

Бејтулаи во својата кариера настапуваше за Тетекс, а од 2013 година беше член на Шкендија. Беше дел од златната генерација на младата македонска репрезентација која настапи на Европското првенство 2017 во Полска. За сениорската репрезентација на Македонија досега има 11 настапи.

Се вчитува...