Бејтулаи: Моја желба и цел во Европа е групна фаза со Шкендија во Лигата на шампионите

Капитенот на Шкендија, македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи оптимистички е расположен пред стартот на европското лето за македонскиот шампион.

Тетовци утре од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите ја пречекуваат словенечка Мура. Според, Бејтулаи, Мура воопшто не е непобедлив тим а Шкендија ќе оди на победа за мирен реванш.

„Знаеме дека Мура не е тим за потценување кој има колективен квалитет и одлични индивидуалци. Но, секако знаеме и дека не е непобедлив тим. Јасно е дека на првиот натпревар сакаме победа по која потоа би имале помирен реванш во Словенија“ – истакна Бејтулаи на прес-конференцијата пред утрешниот дуел.

А, што се однесува до генералните амбиции на тимот за ова лето, и неговите желби…

„Како тим сакаме ова лето што подалеку да стигнеме на европската сцена. Ако лично се прашувам, моја желба и цел е да се избориме за првпат во историјата на клупскиот фудбал и за групната фаза од Лигата на шампионите. Знам дека и сите мои соиграчи го посакуваат тоа“ – вели Бејтулаи.

Се вчитува...