Бејтулаи, поради три жолти картони, ќе паузира против Словенија

Поради три жолти картони низ актуелниот квалификациски циклус, Егзон Бејтулаи ќе мора да го пропушти следниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против Словенија на 10. октомври во Скопје.

Бејтулаи на денешниот дуел против Летонија во Рига заработи трет жолт картон поради што неизбежно ќе мора да паузира.

На натпреварот против Летонците жолт картон заработи и Енис Барди, но за него ова е втор жолт картон низ квалификациите па ќе биде во комбинација за настап на следниот натпревар против Словенија на домашен терен.

Се вчитува...