Бејтулаи: Шкендија е прва, сега целиот фокус е со Македонија да обезбедиме ЕП

Шкендија со предност пред Шкупи во домашниот шампионат заминува на репрезентативната пауза по вчерашната победа во градската дерби пресметка со Ренова.

За репрезентативецот Егзон Бејтулаи значаен триумф кој ќе донесе помирно одработување на деновите тренинг пред продолжението на првенството, а за него и максимално фокусирање на репрезентативните обврски.

„За нас во овој момент е најважно што паузата поради настапите на репрезентациите сега ќе ја минеме на првото место со предност во однос на Шкупи. Важно беше и да се добие оваа пресметка со Ренова која секогаш е тежок противник“ – вели Бејтулаи, кого сега го очекува репрезентативниот собир.

„Имав пауза поради повреда но сега се враќам во натпреварувачка форма. Фокусот е на репрезентацијата и да го оствариме тоа за што сонуваме сите овие години со настапите во Лигата на нации – пласманот на Европското првенство“.

Се вчитува...