Бејтулаи: Сите размислуваме само на победа против Косово и пласман на ЕВРО 2021

Македонската фудбалска репрезентација во четврток против Косово ќе го одигра најважниот натпревар во историјата. Дефанзивецот Егзон Бејтулаи вели дека доколку Македонија одигра на нивото сигурно ќе се пласира на Еврошампионатот.

„Очекувам пласман на Европското првенство. Доколку сакаме победа против Косово ќе мора да дадеме максимум. Ги почитуваме како противник, но позната е нашата цел и знаеме што сакаме. Имаме одличен тим кој долги години игра заедно. Ние сме професионалци, секој меч има своја тежина, но ништо од тоа нема да не спречи ако одиграме како што сакаме. И на крај ќе повторам ако одиграме како што умееме ќе стигнеме до победата“, изјави Бејтулаи.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово ќе се игра во четврток на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...