Бејтулаи: Во фудбалот се случуваат изненадувања, а ние ќе дадеме се за да направиме чудо

Шкендија утре ќе го пречека европскиот гигант Тотенхем кој ќе биде предводен од големиот Жозе Мурињо во натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на Европа. Капитенот на тимот, Егзон Бејтулаи вели дека фудбалерите се подготвени да го дадат максимумот.

„Фудбалерите сме подготвени да дадеме максимум. Тотенхем е голем фаворит, но ние нема да излеземе на терен со бело знаме. Во фудбалот се случуваат изненадувања, а ние ќе дадеме се од себе да дојдеме до тоа. Свесен сум дека Тотенхем има многу добри фудбалери кои секоја недела играат против многу подобри тимови од нас. Сум играл многу силни натпревари со Македонија и Шкендија изминативе години. Имам добри натпревари против одлични фудбалери како Левандовски и Арнаутовиќ. Вистина е дека досега Кејн сум го видел само на телевизија, но нивниот квалитет нема да не спречи да дадеме максимум и пак ќе повторам дали тоа ќе е доволно на крајот“, изјави Бејтулаи. 

Мечот меѓу Шкендија и Тотенхем е закажан за утре во 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...