Бејзбол играч во еден меч одигра за две екипи во МЛБ лигата

Фаќачот на Торонто Блу ​​Џејс, Дени Јансен, влезе во историјата на најсилната бејзбол лига во светот, МЛБ, како првиот играч кој играл за два различни тима во ист натпревар.

Имено, Јансен беше играч на Бостон Ред Сокс до 27. јуни кога беше трејдуван во Торонто Блу ​​Џејс и натпреварот меѓу тие два тима кој беше закажан за 26. јуни, а во кој Јансен беше дел од Ред Сокс. Мечот беше прекинат поради дожд на почетокот на вториот ининг. Натпреварот беше продолжен и комплетиран  два месеци подоцна, а додека Јансен во меѓувреме го менуваше дресот, во понеделникот се најде во составот на Блу Џејс.

Тој натпревар Торонто го доби со 4-1, а овие две екипи во текот на ноќта одиграа уште еден натпревар во кој Торонто повторно беше подобар со 7-3. Јансен немаше ефект во тие средби.

Се вчитува...