Бекам го спасува Рамос и го носи во Интер Мајами?

Веќе екс-капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос дојде како големо засилување на Пари Сен Жермен летоска, но во француската престолнина не се наигра поради зачестените повреди, па многу најави има во последно време дека летово ќе си замине после само една година на „Паркот на принцовите“.

Рамос има договор со ПСЖ до летото 2023 година, а како што објави „Би-Би-Си“, Дејвид Бекам, кој е газда на американски Интер Мајами силно го посакува Шпанецот во својот клуб и веќе работи на случајот за да го донесе преку Атлантикот.

Рамос е само последен во низата ветерани кои Бекам ги лови за да ги ангажира на Флорида, па во изминатиов период се споменуваа Серхио Бускец, Луис Суарез, Жорди Алба како потенцијални засилувања на Интер Мајами, а се појавуваа информации и за Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Рамос неодамна објави дека сака уште четири години да игра на највисоко ниво во Европа, пред да го направи следниот чекор со нова авантура надвор од Стариот континент. Шпанецот досега има запишано само осум настапи сезонава за ПСЖ и постигнато еден гол.

Се вчитува...