Бекам пред ПСЖ – Реал: Нема да бидам на стадионот, ќе се радувам на головите на двата тима

Поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам, кажа дека вечерва нема да биде на стадионот во Париз, и нема да го проследи во живо натпреварот од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Реал Мадрид.

„Мило ми е што нема да го гледам натпреварот на стадионот. Ќе биде многу возбудливо да се гледа таков спектакуларен натпревар. Искрено, повеќе сакам да го гледам дома на телевизија. Така што можам да ги славам головите и на двете екипи“, рече Бекам.

Тој зборуваше за шансите ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите…

„Понекогаш е потребно време. Луѓето се нетрпеливи, сакаат веднаш успех. Еднаш ќе се случи, и сигурен сум дека нема да чекаме долго“, изјави Англичанецот.

Се вчитува...