Бекер: Да живее кралот!

Поранешниот светски тенисер број 1, Борис Бекер е воодушевен од успехот на Новак Ѓоковиќ. По одличното полуфинале против Александар Зверев и победата во пет сета, Германецот изјави дека Новак создава историја.

„Да живее кралот! Новак е неверојатен човек, страшен тенисер. Тој и понатаму испишува историја“, изјави Бекер. 

Бекер и Ѓоковиќ своевремено и соработуваа заедно, а Германецот беше дел од тренерскиот тим на првиот рекет во светот.

Се вчитува...