Бекер: Не се само Роџер и Рафа добри момци

Поранешниот светски број 1 Борис Бекер во интервју за германските медиуми потсети на лошиот третман кој го има Новак Ѓоковиќ.

Тој смета дека не може секогаш Ѓоковиќ да биде лошиот, а добри момци да се Рафа и Роџер.

„Јавноста и сите медиуми мора да се навикнат на фактот дека во тенисот не постојат само двајца и врвни тенисери, туку тројца, кои поседуваат најголеми играчки и човечки карактеристики. И не е прифатливо Новак да е лош, а Роџер и Рафа да се добри момци. Тоа не е фер“, изјави Бекер. 

2020 година сите тројца ќе ја завршат со по освоени 20 гранд-слем трофеи, а нивната борба за најдобар на сите времиња ќе продолжи и следната сезона.

Се вчитува...