Бекер: Новак не можеше да ги контролира емоциите

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, зборуваше за поразот на најдобриот тенисер на светот од Данил Медведев. Тој смета дека овој натпревар бил премногу емотивен за српскиот тенисер, па поради ова Русинот имал лесен пат до освојување на трофејот.

Новак загуби од Данило Медведев во 31. Гранд слем финале. Влогот беше огромен. Влегување во историјата како првиот играч по Род Лејвер кој го заврши календарот на Гранд слем и како првиот што зад своето име има повеќе 20 Гранд слем трофеи.

„Данил Медведев заслужено победи. Тој беше најдобар во овие две недели и загуби само еден сет вкупно. Што се однесува до Новак, овој турнир беше премногу за него. Ноле не можеше ментално да ги контролира своите емоции. Сакаше да пишува историја. Тој сакаше да стане најуспешниот играч на Слем турнирите во историјата. Не сакаше да стане еден од најдобрите, сакаше да стане најдобар. Тоа можеше да подвлече овде со победа“, рече Борис.

Што се однесува до Медведев, Бекер има само пофални зборови за рускиот играч, кој го смета за најдобар во новата генерација.

„Убеден сум дека Данил ќе освои уште многу Гранд слем турнири. За мене, тој е најподготвениот од помладата генерација. Знае да победува на натпревари, знае како да се подготви за големи натпревари. Тој воопшто не е нервозен и нетрпелив. Има еден чекор пред Циципас и Зверев“, заклучи Бекер.

Се вчитува...