Бекер предупредува: Ѓоковиќ нема лесно да го освои Вимблдон, допрва ќе биде на голема мака

Легендарниот Борис Бекер потенцираше дека Новак Ѓоковиќ нема да ја освои титулата на Вимблдон толку лесно, бидејќи притисокот ќе биде поголем во секоја наредна рунда. Србинот оваа сезона триумфираше на Австралија опен и Ролан Гарос, а во моментов има 19 гранд-слам титули, една помалку од најголемите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Првиот тенисер на светот досега загуби само еден сет во Лондон, а првиот го одигра на турнирот против младиот Џек Дрејпер. Сега, во четвртфиналето, тој ќе има дуел со унгарскиот претставник, Мартон Фуковиќ.

„Новак нема лесно да дојде до титулата. Останаа уште неколку извонредни момци од ждрепката, што другите ги потценуваат. Како што се приближува кон финалната и можната 20-та гранд-слам титула, притисокот ќе биде поголем и луѓето почесто ќе го потсетуваат на тоа, Ноле допрва ќе биде на голема мака“, изјави Бекер.

Победникот од дуелот Ѓоковиќ – Фуковиќ во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Шаповалов и Хачанов. Во вториот дел од ждрепката четвртфинални двојки се Беретини – Огер-Алиасим и Федерер – Хуркак.

Се вчитува...