Шкендија стигна до посакуваните три бода со минималниот триумф над Работнички, но стратегот Јетон Беќири не крие дека е незадоволен од она што неговиот тим го прикажа на денешниот дуел во Скопје.
„Секако дека сум задоволен од резултатот, но истото не можам да го кажам и за играта, особено за првото полувреме и за двете ситуации од вториот дел во кои голманот беше го одржуваше нашиот тим во мечот. не сакам да зборувам за физичкиот замор, туку за тоа што не покажуваме она што го знаеме, што немаме максимална посветеност и секојдневно разговараме со фудбалерите на оваа тема. Верувам дека оваа криза во играта е само привремена и се надевам дека во овој период ќе продолжиме да победуваме иако не играме најдобро“, вели Беќири.
Стратегот на тетовци сепак е убеден дека овие проблеми ќе бидат надминати и Шкендија наскоро ќе почне да го покажува своето вистинско лице.
„Шкендија е мнoгу квалитетен тим и никој не треба ниту да се сомнева во тоа. Токму во овој незгоден период ни е неопходна поддршка од нашите верни навивачи, со нивна помош ќе ја надминеме кризата и наскоро ќе почнеме да прикажуваме подобри партии“, оптимист е Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

