Фудбалската репрезентација на Македонија на 18. ноември во Кардиф го игра одлучувачкиот меч против Велс во квалификациите за пласман на СП 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Селекторот на Велс, Крег Белами пред овој меч вели дека Македонија имала многу среќа што се уште нема доживеано пораз во овие квалификации.
„Треба да победиме двапати. Очекуваме да го победиме Лихтенштајн и нема да се срамам да го кажам тоа. Со Македонија ќе биде поинаков натпревар, но чувствувам дека имаа среќа што не загубија досега. Верувам дека тоа ќе бидат натпревари во кои ќе имаме многу посед на топката и тоа да ни донесе да создаваме шанси“, изјави Белами, кој потврди дека нема да може да смета на повредениот Арон Ремзи“, изјави Белами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

