Селекторот на Велс, легендарниот Крег Белами истакна дека сигурно не очекувале ваков натпревар против Македонија вечерва во Кардиф, но се горди на своето издание, на кое помогнало и лошата игра на многу македонски поединци во тимот и индивидуалните грешки.
„Секако не очекувавме ваков натпревар, затоа што многу добро знаеме колку модерен фудбал игра оваа селекција на Македонија. Навистина од срце ги разбирам како се чувствуваат токму сега, затоа што и мене и како играч ми се случувале вакви ситуации. Но, треба да бидат горди затоа што се во баражот за пласман на Светското првенство и тоа е голем успех, и треба да бидат горди затоа што имаа брилијантни квалификации. И посакувам навистина на Македонија многу успех во полуфиналето од баражот за Мундијал“ – рече, меѓу другото, Белами на прес-конференцијата во Кардиф пред македонските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

