Беласица: Честитки за Академија Пандев, докажавме дека Струмица сака фудбал

Од струмичка Беласица со честитки за градскиот ривал Академија Пандев за вчерашната победа од 0-2 во 2 коло од Првата македонска фудбалска лига.

Струмица доби вистинско градско прволигашко дерби, за првпат во историјата, а потврда за тоа е исполнетоста на стадионот „Младост“… Повеќе од 4.000 навивачи само како потврда, како што велат од Беласица, дека Струмица сака фудбал.

„Честитки до ФК Академија Пандев за освоените три бода во вчерашниот меѓусебен дуел. Едно е јасно, Струмица сака фудбал. Над 4.000 гледачи беа присутни на вчерашниот натпревар на „Младост“ – се вели во соопштението од ФК Беласица.

Се вчитува...