Новиот македонски прволигаш Беласица експресно именуваше нов тренер по разделбата со Раде Цицмиловиќ. За нов шеф на стручниот штаб е поставен српскиот стратег Марјан Живковиќ, кој ќе ги предводи струмичките „кенгури“ на враќањето во елитата. Клубот се раздели со Цицмиловиќ затоа што не поседува Про – лиценца.
Искусниот Живковиќ во минатото ги има водено екипите на Раднички Пирот, Обилиќ, Хајдук Белград, Нови Пазар и кинеската екипа на Шенјанг Донгин. Тој ќе има неполни две седмици да го запознае тимот и да го подготви за настапот во прволигашката конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА