Беласица ги „проби“ и „гипсарите“… Работнички само до бод со Вардар (ФОТО)

Вардар и Работнички ги поделија бодовите во 34. коло од Првата македонска фудбалска лига, играјќи 1-1 на дуелот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Работнички поведе со голот на Петар Петковски во 33. минута, но подобрата игра Вардар ја круниса со гол на Дарко Мицевски во 50. минута со кој се заокружи на 1-1.

Беласица ја победа Ренова со 3-2 пред своите навивачи со што се доближи на само еден бод негатива од Силекс во битката за опстанок. Кратовци денеска ремизираа без голови на тешкото гостување против Шкендија.

Беласица поведе со голот на Мирчевски, Ренова со погодоците на Гафури и Кадриу дојде до пресврт, но израмни Милушев со гол од мртов агол во 86. минута, за да Пепи Георгиев со гол во првата минута од судиското продолжение донесе победа од 3-2.

Македонија ЃП славеше против Шкупи минимално со 1-0 со голот на Тантуровски, а Академија Пандев сосема очекувано триумфираше против Победа со убедливи 4-0.

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ – 33. КОЛО

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (1-1)

Мицевски 50′ – Петковски 33′

Струмица: БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (3-2)

Мирчевски 19′, Милушев 86′, П. Георгиев 90’+1 – Гафури 43′, Кадриу 56′

Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (0-0)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (1-0)

Тантуровски 30′

Турново: АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (4-0)

Дориев 27′, Томовски 54′, Мишов 55′, Илиев 59′

Се вчитува...