Беласица ги стартуваше подготовките: Прво во Струмица, па преселба на Златибор (ФОТО)

Новиот македонски прволигаш, струмичка Беласица денеска го реализираше првиот собир за старт на подготовките за новата сезона.

Според програмата од стручниот штаб за утре се планирани првите тестови за подготвеноста на фудбалерите, а веќе од среда се стартуваат активните двојни тренинзи. Првата фаза од подготовките на тимот ќе биде реализирана во Струмица.

Втората фаза од подготовките ќе се реализира на Златибор од 5. јули, па се до 21. јули.

Меѓу првата и втората фаза подготовки, на 1. и 4. јули закажани се два контролни натпревари, најпрво со Македонија ЃП а потоа и со прилепска Победа.

Се вчитува...