Беласица и Победа „најсилни“, паднаа Шкендија и Работнички

Беласица изненадувачки, а можеби и не, го совлада шампионот Шкендија со 2-1 на стадионот „Младост“ во Струмица. Тимот на Ќатип Османи ниту од далеку не изгледаше шампионски, со многу експерименти, а тоа Беласица веднаш го искористи. Пепи Георгиев во петтата минута донесе водство за струмичкиот состав, а Егзон Бејтулаи во 64.минута си постигна автогол. Шефити намали на 2-1 во 70.минута, но тоа беше се од Шкендија.

Вардар славеше на гости во Ѓорче Петров против Македонија ЃП со 0-2. Стрелец на двата гола за Вардар беше младиот напаѓач Бојан Колевски во 41. и во 88.минута од натпреварот.

Работнички загуби на домашен терен од последнопласираната Победа со 1-2. Емил Вијачки во 12.минута ги доведе „романтичарите“ во водство, Баже Илијоски на почетокот на вториот дел не реализира пенал, а потоа дојде пресвртот. Во 74.минута, Трајче Ефремов ја искористи големата грешка на одбраната на домаќинот и израмни на 1-1, а две минути подоцна Ангелче Тимовски погоди за триумф на прилепчани.

Ренова го совлада Силекс со 1-0. Бојан Миовски беше стрелец за „гипсарите“ во петтата минута од дуелот.

Шкупи го совлада тимот на Академија Пандев со 1-0. Бесар Исени во 86.минута успеа да ја погоди мрежата на гостите.

ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 2-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0-2

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 1-2

РЕНОВА – СИЛЕКС 1-0

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

Табела: Шкендија 66, Вардар 57, Академија Пандев 47, Шкупи 42, Ренова 39, Работнички 39, Македонија ЃП 35, Силекс 31, Беласица 30, Победа 23.

Се вчитува...