Беласица и Шкупи конечно победија, па сега во меѓусебен дуел по нови бодови

Беласица и Шкупи во претходното, 6. коло, од Првата македонска фудбалска лига стигнаа до првите свои победи во шампионатот. Па, денеска во 7. коло на стадионот „Младост“ во Струмица во меѓусебна пресметка по атак на нови бодови.

Струмичани, со најновите засилувања и веќе навлегувањето во посакуваниот ритам, веруваат дека можат до нов триумф пред своите навивачи. Желбата е со нова победа да се фати приклучок кон средината од првенствената табела.

Но, истите желби ги носи и Шкупи…

„По последната победа одлична атмосфера владее во тимот. Мора да кажам дека одлично сум прифатен во тимот кој гледам дека има феноменални навивачи. За дуелот со Беласица сигурно очекуваме повторно да играме како тим затоа што само на таков начин можеме до посакуваната победа“ – вели интернационалецот од Брегот на слоновата коска во редовите на Шкупи, Армел Бради.

ПРВА ЛИГА – 7. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКУПИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА

Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС

Турново: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...