Беласица официјално ги промовираше петте засилувања за пролетната сезона (ФОТО)

Струмичка Беласица денеска и официјално ги промовираше петте засилувања за пролетниот дел од сезоната. Душан Савиќ, Марио Маслаќ, Матеус Оливеира Да Силва, Мартин Мирчевски и Христијан Денковски се новите засилувања на ФК Беласица за преостанатиот дел од оваа сезона.

Поранешниот македонски репрезентативец Савиќ по 14 години, повторно се враќа во ФК Беласица. Искусниот офанзивец кој и е добро познат на струмичката но и македонската фудбалска јавност, изминатиот дел од оваа сезона настапуваше во српскиот суперлигаш ФК Земун. Во минатото Савиќ покрај на Беласица, го носеше дресот и на прилепска Победа, ФК Вардар и ФК Работнички, a зад него има и богата интернационална кариера.

Mарио Маслаќ ќе биде огромно засилување на стоперската позиција за преостанатиот дел од оваа сезона, кој доаѓа од ФК Рига, Латвија, а во изминатиот период има настапувано и за српските екипи Војводина, Борац Чачак, Ветерник, како и за хрватската екипа ФК Осијек.

21-годишниот Бразилец Матеус Оливеира Да Силва, ни доаѓа од ФК Гремио Новоризонтино од Бразил, и игра во шпицот на нападот. Во минатото Матеус беше дел и од младинската школа на ФК Порто.

Мартин Мирчевски го носеше дресот на Беласица минатата сезона додека клубот се натпреваруваше во Втората лига.

Напаѓачот Христијан Денковски, пак, во Беласица доаѓа од индиски Гокулам, а претходно во кариерата играше за ФК Триглав од Словенија, ФК Гронинген од Холандија. Во македонското првенство претходно беше член и на ФК Вардар, Работнички, Пелистер.

Се вчитува...