Беласица остана без тренер, по двата порази се раздели со Беќаров

Струмичка Беласица од вечерва е без тренер, откако клубот се реши да се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Васе Беќаров.

Струмичкиот тим е во серија од два порази по ред, а во последните пет меча има само една победа, и токму слабите резултати беа причина за разделба.

Беласица изминатиот викенд беше поразена на домашен терен од Скопје.

„Клубот му се заблагодарува на Беќаров на досегашната соработката и му посакува многу успеси во понатамошната кариера“, стои во соопштението на Беласица.

Се вчитува...