Новиот прволигаш Беласица остана без тренер на две седмици пред стартот на новата сезона во Првата лига. Беласица долг период го чекаше враќањето во прволигашкото друштво, го обезбеди токму со Раде Цицмиловиќ на клупата, кој вечерва си замина од кормилото, а за тоа извести преку социјалните мрежи. Тој се заблагодари на сите во клубот, посебно на претседателот Славчо Васков Пинда, и му посака се најдобро на струмичкиот клуб во иднина.
Ова секако е изненадување, а на клубот му останува и малку време за да обезбеди нов квалитетен тренер кој ќе го предводи тимот во елитата. Беласица денеска одигра реми (2-2) со новиот второлигаш Кит Го во пријателски натпревар, можеби и тоа е проблемот по кој Цицмиловиќ решил да замине…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА