Беласица подобра од Македонија ЃП во првиот тест за новите прволигаши

Беласица славеше против Македонија ЃП со 1-2 на гостувањето во Ѓорче Петров во првиот пријателски натпревари и за двата нови прволигаши на стартот од летните подготовки.

„Лавовите“ поведоа со голот на Филип Стојановски во првото полувреме, но затоа струмичани низ далеку поквалитетна игра во вториот гол стигнаа до комплетен пресврт. Стрелец и на двата гола за Беласица беше Пепи Ѓорѓиев.

Следниот пријателски натпревар на Македонија ЃП ќе биде на 4. јули против албанскиот прволигаш Партизани Тирана во Охрид.

Се вчитува...