Беласица ремизираше (1-1) со Кит-Го

Македонскиот прволигаш Беласица денеска ја имаше последната проверка пред почетокот на првенството во Првата лига играјќи 1-1 против новиот амбициозен прволигаш Кит-Го во Пехчево. Струмичани по промената на тренерот и немаат многу време да се воиграат и да се навикнат на барањата на шефот на стручниот штаб Марјан Живковиќ.

Кит-Го поведе со голот на Иван Галевски, а израмни искусниот Зоран Балдовалиев во 90.минута од мечот.

Следниот пријателски натпревар Кит-Го ќе го игра на 9/абгуст во Скопје, против селекцијата на Македонија до 19 години.

Се вчитува...