Македонскиот прволигаш Беласица ремизираше (1-1) против романскииот клуб Петролул Плоешти на пријателскиот натпревар што се одигра во Анталија. Беласица дојде во водство со голот на Мартин Мирчевски на почетокот на вториот дел, додека Романците израмнија со погодокот на Русу.
Тимот на Цицмиловиќ се подготвува за пролетните искушенија. Беласица ја чека тешка битка за опстанок во елитното македонско фудбалско друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА