Беласица ремизираше со Бачка Топола

Уште едно реми на струмичка Беласица за време на подготовките на Златибор.

На денешниот пријателски натпревар против српскиот второлигаш Бачка Топола, струмичани одиграа без победник (1-1). Стрелец на единствениот гол за Беласица беше Ѓорге Џонов.

Претходно, Беласица ремизираше и со Јавор Ивањица, идентични 1-1. На подготовките на Беласица се приклучи уште едно потенцијално засилување, Филип Наумчевски.

Се вчитува...