Беласица се подготвува за Прва лига: Вујанац, Стојков и Гуцев на списокот засилувања!

По цели 12 години, струмичка Беласица од следната сезона повторно се враќа во прволигашката конкуренција. Не сакајќи да се остави ништо на случајноста, Беласица веќе ги стартуваше и активностите околу првите засилувања за тимот кој се очекува да игра сериозна улога следната сезона на прволигашката сцена.

Според нашите информации, струмичани веќе се пред договор за ангажман на српскиот голман од редовите на Академија Пандев, Никола Вујанац, офанзивецот на Вардар, Аце Стојков и фудбалерот од средниот ред на Силекс, Благој Гуцев.

Стартувани се разговори за ангажман на 26-годишниот Вујанац кој изминатава сезона бранеше за „пандевци“ каде пристигна од редовите на Силекс. Извесно е пристигнувањето и на 28-годишниот Гуцев со кого исто така се преговара, како и на поранешниот македонски репрезентативец Аце Стојков кој дефинитивно заминува од Вардар, во чии редови изминатава сезона имаше само 10 настапи со еден постигнат погодок.

Се вчитува...