Во финишот на преодниот рок, струмичка Беласица се засили со српскиот офанзивец Ирфан Вусљанин.
32-годишниот Вусљанин доаѓа од српскиот прволигаш ФК Нови Пазар како огромно засилување во нападот за „сините“. Во минатото има настапувано и за екипите на ОФК Београд, ФК Спартак Суботица, ФК Борац Чачак, ФК Сараево, ФК Раднички Крагуевац и ФК Јагодина.
Од 2015 година Вусљанин беше дел од Нови Пазар, тим за кој запишал 46 официјални настапи со еден постигнат погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА